Приказната за Анторис

ПРИКАЗНАТА ЗА АНТОРИС

„Анторис“ е тим на професионалци чија дејност во полето на човечките ресурси и услуги датира од 2000 година. Во текот на изминатите години, ги извршувавме нашите услуги по највисоки професионални стандарди за квалитет и успевме да изградиме партнерски долгогодишни односи со нашите клиенти и кандидати.

Да бидат конкурентни учесници на динамичниот пазар е наша должност. Следејќи ги потребите на своите клиенти, „Анторис“ успеа да ги постави четирите основни столбови врз чија основа денес ги развива своите услуги. Тие се состојат од современ и ефикасен систем на регрутација и селекција на кадри, едукација и развој, сметководствени услуги и маркетинг, што претставува сестран пристап и иновација со која сме чекор напред од досегашните практики на outsourcing и staffing сервисните служби.

Анторис во 2019-та ја создаде првата платформа во светот која го обединува содржинскиот маркетинг и брендирањето на работодавачот во еден специфичен информативно едукативен концепт. Со креирање на соодветна содржина во Анторис Магазин, искусни новинари на професионален начин ќе ги претстават вредностите на работодавачот пред секој кандидат без разлика дали е невработен или вработен.

Она што нѐ прави успешни е нашата автентичност и цврстите врски со сите партнери. Ние ја цениме тимската работа и имаме сериозен пристап во работењето, а дадените ветувања ги исполнуваме со страст и посветеност. Нашиот тим континуирано има можност да работи со најдобрите компании и со мноштво талентирани луѓе, со кои заедно креираме подобри можности за целата заедница. Ние веруваме во човечкиот потенцијал и во потенцијалот за развој на секоја компанија. Постојано инвестираме во надградување и внесување иновации и тоа го пресликуваме во нашите активности. За нас клиентите и кандидатите се на прво место. Ги третираме со почит и интегритет, а тие ни враќаат со долгогодишна доверба и лојалност.

Ние се стремиме кон најдоброто. Цврсто стоиме на ставот дека нашите клиенти ги заслужуваат најдобрите практики кои се проверени и ефикасни. Преку развиениот систем и интегрираните услуги од четирите столбови, нашите клиенти се чекор пред другите. Наша цел е нашите клиенти и кандидати самите да станат предизвик континуирано барајќи можности за подобрување и иновација.