Политика за приватност

by darko_different

Оваа Политика за приватност се однесува на www.antoris.mk (во понатамошниот текст “Анторис Платформа”) во сопственост на Приватна агенција за вработување Анторис – Скопје со А лиценца при Министерство за труд и социјална политика, со седиште на ул. Мајка Тереза 44 1/1 спрат, 1000 Скопје, со ЕМБС 6616755 (во понатамошниот текст “АНТОРИС”) и дава информации за начинот на обработка на податоците на посетителите и Корисниците на Анторис Платформата.

АНТОРИС е посветен на заштита на приватноста на Корисниците. Обработката на личните податоци на Анторис Платформата се врши во согласност со оваа Политика за приватност, интерните правила на АНТОРИС и Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

Категории на податоци

• При посета на Платформата, серверот креира логови за секој посетител односно ја регистрира Интернет протокол (IP) адресата на Корисникот и други технички податоци, како на пример датум / време на барање, бараната веб страница со универзален ресурсен локатор (URL), HTTP-код и бајти што се сервираат при посетата.
Логовите на системско ниво не содржат лични податоци за корисникот и се користат исклучиво за пронаоѓање и решавање на проблеми во рамките на инфраструктурата на Анторис Платформата. Овие серверски логови може да се користат и за да се испитаат шемите за интернет сообраќај според денот или денот во неделата, како и за ефикасна администрација на веб-страницата. Соодветни ресурси за хостирање и фино подесување на перформансите на веб страницата може да бидат помогнати со анализа на логовите на веб-серверите. Пристап до овие логови имаат само овластени администратори (супер админ) кои се одговорни за непречено функционирање на системите, бекапи и надоградби.

• АНТОРИС ги обработува податоците на Корисниците (име, презиме, назив на Компанијата, e-mail адреса) само доколку доброволно ги дадете за регистрирање на Анторис Платформата, користење на нејзините услуги и за да добивате информативни пораки.

• При креирање односно пополнување Профил на Анторис Платформата, регистрираниот Корисник доброволно наведува лични податоци. Некои полиња во Профилот се означени како задолжителни, а некои се доброволни. Доколку не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност или да продолжите со следните чекори во креирање на Профилот и негово активирање. Анторис Платформата автоматски ги агрегира податоците на Корисниците како што се работна позиција и степенот на образование на Корисниците и отворени позиции и ги генерира како збирни податоци на Платформата. АНТОРИС ги користи овие податоци (вкупен број на работни места по позиции, ниво на едукација на профили, отворени работни позиции и сл.) за статистички и аналитички цели во насока на подобрување на содржината и функционалноста на Анторис Платформата и за збирно информирање на Корисниците и/или трети лица.

• Анторис Платформата користи Колачиња ( Cookies ).

Цели на обработка на личните податоци

Личните податоци се обработуваат доброволно врз основа на согласност од Корисниците и единствено за целта за која се собрани. АНТОРИС ги обработува Вашите лични податоци за да Ви овозможи пристап односно регистрација и користење на Анторис Платформата и нејзините услуги.

АНТОРИС ги користи податоците на Корисниците за да се создадат збирни податоци за статистички и аналитички цели во насока на подобрување на содржината и функционалноста на Анторис Платформата и за збирно информирање на Корисниците и/или трети лица.

При регистрација на Анторис Платформата, Ви се нуди можност да дадете согласност за користење на Вашите лични податоци (име, презиме, e-mail адреса) за цели на директен маркетинг односно за да добивате Newsletter и промотивни пораки за услугите и активности на АНТОРИС.

Ако не сакате повеќе да добивате промотивни пораки, во секое време можете да ја повлечете ваквата согласност, доколку ги следите чекорите за одјавување (unsubscribe) што се наведени на крајот од секоја порака или доколку ни се обратите.

Ве молиме имајте предвид дека повремено може да Ви испраќаме важни информации во врска со услугите, содржината и функционирањето на Анторис Платформата. Овие известувања не спаѓаат во директен маркетинг.

Права на субјектот на личните податоци

Корисниците како субјекти на лични податоци имаат право на пристап односно право да добијат дополнителни информации (дали се врши обработка на личните податоци; за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци; за видот на личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци) кое можат да го остварат со поднесување барање на следната електронска адреса kontakt@antoris.mk.

АНТОРИС е должен да одговори на субјектот на лични податоци, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

Кога АНТОРИС одговорил на барањето на субјектот на лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Субјектот на личните податоци има право да побара исправка односно дополнување, менување, бришење или запирање на понатамошна обработка на личните податоци со поднесување барање на следната електронска адреса kontakt@antoris.mk.
За извршеното дополнување, измена или бришење на личните податоци, АНТОРИС е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето писмено да го извести субјектот на лични податоци, корисниците на личните податоци или третите лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошоци.

Корисниците можат во секое време да пристапат, променат или избришат своите лични податоци преку најава на Анторис Платформата со своето корисничко име и лозинка и пристапување до секцијата “Профил”. Доколку Корисникот сака да го деактивира односно избрише Профилот треба да испрати барање на следната електронска адреса kontakt@antoris.mk. Со деактивирањето односно бришењето на Профилот ќе бидат избришани сите податоци за Корисникот од Анторис Платформата.

Тајност, заштита и откривање на податоците

АНТОРИС презема и применува соодветни технички и организациони мерки за обезбедување тајност и заштита при обработка на личните податоци заради спречување неовластено откривање или пристап или нивна евентуална злоупотреба во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија и интерните правила. Сите лица кои имаат пристап до лични податоци се обврзани да ги чуваат личните податоци како доверливи и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивната обработка.

Со регистрација на Анторис Платформата, Корисникот се согласува неговите лични податоци да бидат споделени со трети лица на кои АНТОРИС им доверува извршување на определени услуги, како софтверското одржување на Анторис Платформата и тоа конкретно на:

– https://different.com.mk/ (во понатамошниот текст “ДИФЕРЕНТ”)

АНТОРИС има склучено договор со ДИФЕРЕНТ, со кој го обврзува на тајност и заштита на личните податоци до кои има пристап и на било каков начин ги обработува.

АНТОРИС го задржува правото на откривање личните податоци на Корисниците во случаи предвидени со закон или кога е неоходно за водење на судска постапка или за заштита на нашите права и интереси.

Корисниците се регистрираат и најавуваат на Анторис Платформата и може да пристапат до своите лични податоци со внесување на своето корисничко име и лозинка кои сами ја креираат. Лозинката треба да има вкупно 7 карактери (вклучувајќи најмалку една бројка и еден специјален знак) и да му биде позната единствено на Корисникот. Ве советуваме да не ја споделувате Вашата лозинката со никого. Веднаш известете не и променете ја лозинката доколку сметате дека вашата лозинка е компромитирана на било кој начин.

Заштита на приватност на малолетни лица

Заштитата на личните податоци и приватноста на малолетните лица е особено важна за нас. За таа цел користењето на Анторис Платформата е забрането за лица помлади од 18 години. Со користење на Анторис Платформата изјавувате дека сте полнолетно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да имате 18 години за да креирате профил на Анторис Платформата и да ги користите услугите кои ги нуди. Доколку дојдеме до сознание дека регистриран корисник нема навршено 18 години веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него.

Врски до други веб- страници

Оваа Политика за приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку врски (линкови) поставени на Анторис Платформата. Ние не сме одговорни за политиките или содржините на веб-страниците до кои има врски (линкови), ниту пак за каков било пренос на податоци кој настанал со веб-страницата до која има врска (линк). Со оглед дека посетата на трети веб-страници е на Ваша одговорност и ризик, Ве советуваме да се запознаете со Политиките за приватност на овие страници.

Промени на Политиката за приватност на личните податоци

Анторис Платформата го задржува правото во секое време да ја менува и обновува оваа Политика за приватност. При промена на Политиката за приватност ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Повремено посетувајте ја Политиката за приватност за да бидете запознаени со евентуалните промени.

Прифаќање на условите

Со пристапување и/или користење на Анторис Платформата, Вие изјавувате дека сте се запознале и во потполност сте ги разбрале и прифатиле одредбите од оваа Политика за приватност и Правилата и условите за користење, вклучително и нивните последователни промени и сте одговорни повремено да ја проверувате нивната содржина, и дека давате изречна согласност за обработка на Вашите лични податоци од страна на АНТОРИС.

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност и/или со Правилата и условите за користење би Ве замолиле да не пристапувате и/или користите Анторис Платформата.

Контакт во врска со Политиката за приватност на личните податоци

Доколку имате било какви барања, прашања или предлози во врска со оваа Политиката за приватност или во врска со собирањето, користењето и откривањето на Вашите лични податоци, Ве молиме да не контактирате на:

Контакт: kontakt@antoris,mk
Приватна агенција за вработување Анторис – Скопје
ул. Мајка Тереза 44 1/1 спрат
Доколку не контактирате, ние ќе Ви одговориме на истата адреса од која сме го добиле барањето или која Вие сте ја навеле. Вашата адреса нема да биде искористена за ниту една цел освен за да одговориме на Вашиот допис. АНТОРИС може да ги чува Вашите пораки кои сте ни ги испратиле со цел да послужат како доказ при евентуален спор.

Објавено на: 16.07.2019 година.