Правила и услови за користење

by darko_different

Приватната агенција за вработување АНТОРИС Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза 44 1/1 спрат, 1000 Скопје, со ЕМБС 6616755 (во понатамошниот текст “АНТОРИС”), Ви овозможува користење на услугите и содржините на Платформата www.antoris.mk на начин утврден со овие Правила и услови за користење.

Дефиниции

При посета на Анторис Платформата, серверот креира логови за секој посетител односно ја Одделни изрази употребени во Правилата и условите за користење го имаат следново значење:

• Анторис Платформа – ИКТ технологија, на која луѓето креираат Лични профили од една страна и компаниите креираат Компаниски профили од друга страна, по строго дефинирани критериуми и алгоритамот на платформата ги спојува.

• “Правила и Услови за користење” е терминот за овие Правила и услови за користење како и нивните последователни измени и дополнувања кои се обврзувачки за сите Корисниците кои ја користат Анторис Платформата;

• “Корисник” е секое физичко или правно лице, кое е регистрирано на Анторис Платформата и ги користи нејзините услуги и содржини, а ги опфаќа Компаниите и Поединците.

• “Компанија” е правно лице кое регистрирано на Анторис Платформата, со цел на користење на содржините на Анторис Платформата, истражување на пазарот на труд и објавување оглас/и за пронаоѓање на потенцијални кандидати за вработување/ангажирање/практикантство/стручно оспособување.

• “Личен профил” е профил на Корисник кој е физичко лице, креиран со цел на користење на содржините на Платформата како и барање работа/ангажман/ практикантство/стручно оспособување.

• “Оглас”- е содржина составена и објавена на Анторис Платформата од страна на Компаниите за целите на вработување/ангажирање/практикантство/стручно оспособување. Објавување на еден (1) оглас се однесува исклучиво за една (1) работна позиција, од една индустрија, во еден (1) град.

• “Активен профил” е личен профил на Корисник кој целосно или делумно ги пополнил податоците во Анторис Платформата, кој бара работа/ангажман/практикантство/стручно оспособување, а за таа цел ја избрал соодветната опција и Платформата го препознава во процесот на поврзување (matching) со Компаниите.

• “Пасивен профил” е личен профил на Корисник кој целосно или делумно ги пополнил податоците во Платформата, но активно не бара работа/ангажман практикантство/стручно оспособување, за таа цел ја избрал соодветната опција и Платформата не го препознава во процесот на поврзување (matching) со Компаниите.

Користење на Платформата

Регистрацијата и користењето на Анторис Платформата од страна на Корисниците е бесплатно. Услугатата за огласување, креирање на Брендиран и Премиум Профил, медиумска содржинаво Анторис Магазин од страна на Компаниите се пресметува и наплатува согласно важечки Ценовник на Анторис Платформата.

Профилот на Компаниите е целосно видлив за сите регистрирани Корисници на Анторис Платформата и истите можат да аплицираат доколку компанијата има објавено оглас, а за посетителите на Анторис Платформата кои не се регистрирани, е видливи се следните податоци: име на Компанија, лого, адреса, држава, контакт, индустрија но истите не можат да аплицираат на објавените огласи преку Анторис Платформата.
Огласот на компаниите ќе биде објавен во рамки на платформата, како и видлив и достапен за сите посетители на платформата и јавно споделен на социјалните медиуми што ги користи Анторис Платформата за промоција.

Анторис Платформата овозможува техничка поддршка на Корисниците преку автоматизиран процес на поврзување (matching) на начин што обезбедува шифрирана листа на потенцијални кандидат/и за соодветната позиција, од регистрираните Корисници на Анторис Платформата со активни лични профили, до Компанијата која објавила оглас.

Личниот профил на Корисникот, вклучувајќи ги сите податоци кои Корисникот ги навел во Анторис Платформата, се видливи единствено за Корисникот на тој Личен профил. Корисникот со самото креирање на активен профил, Анторис Платформата ќе го вклучи во процесот на поврзување (matching) со Компаниите. Доколку Корисникот, ја/го прифати поканата/барањето за контакт за определена позиција, Личниот профил на Корисникот со сите лични податоци ќе биде видлив за Компанијата која ја/го испратила поканата/барањето за контакт.

АНТОРИС не гарантира дека Корисникот на Личниот профил ќе ја/го прифати поканата/барањето за контакт од страна на Компанијата. Корисникот на Личниот профил има целосно право и дискреција да прифати или одбие покана/ барање за контакт без никакви последици.

Компанијата ќе може да го види единствено профилот/профилите на Корисникот/Корисниците кои ја прифатиле поканата/барањето за контакт. Прифаќањето на поканата/барањето за контакт од страна на Корисникот/Корисниците, не е гаранција, ниту пак обврска за Компанијата за понатамошен контакт, вклучување во процесот на селекција и избор на Корисникот/Корисниците за објавената работна позиција.

Компаниите се должни соодветно да ги почитуваат одредбите на Законот за работните односи и/или други применливи прописи во зависност од целта односно позицијата при составувањето и објавувањето на огласи за позиции, при процесот на селекција и избор на кандидат/и, како и при склучување на договор за вработување, ангажман, практикантство, стручно оспособување и слично и реализирање на законските и договорните права и обврски од договорниот однос.

Се забранува користење на Анторис Платформата за било кои други цели, освен за оние за кои е предвидена и наменета.

Заштита на личните податоци

Со регистрација на Анторис Платформата, Корисниците даваат согласност на АНТОРИС за обработка на нивните лични податоци за цели на користење на Анторис Платформата и за промоција на услуги и активности на Анторис Платформата.

Кога Компанијата, за потреби за истражување на пазарот на труд, за вработување/ ангажман/практикантство/стручно оспособување, составува и објавува оглас според предефинирани критериуми, Платформата ги обработува критериумите за филтрирање и поврзување (Filtering & Matching Criteria) и генерира листа на потенцијални кандидати со процент на поврзување (matching). Листата на Корисници (Лични профили) која ја добива Компанијата е шифрирана и содржи некои филтрирачки податоци врз основа на кои Компанијата не може да го идентификува Корисникот. Доколку Компанијата сака да стапи во контакт со некој од Корисниците на Личните профили од листата тогаш испраќа барање за контакт, кое Корисникот може да го прифати или одбие. Во моментот на пристигнување на барање/покана за контакт, Корисникот на Личниот профил има целосен увид во огласот и профилот на Компанијата која го испратила барањето/поканата.

Со прифаќањето на поканата/барањето за контакт, Корисникот на Личниот профил дава изречна согласност за обработка на личните податоци од страна на Компанијата и единствено во тој случај Личниот профил е видлив за Компанијата.

Сите Компании се обврзани да ги почитуваат начелата за зaштита на личните податоци и да преземаат соодветни технички и организациски мерки за да обезбедат тајност и заштита на обработката на личните податоци на Корисниците до кои имале пристап преку испраќање на барање/покана за контакт или на било каков друг начин. АНТОРИС не е одговорен за неовластено откривање или било какви незаконски облици на обработка на личните податоци на Корисниците (лични профили) од страна на Компанијата и ќе биде изземен од одговорност за надомест на било каква материјална и/или нематеријална штета што би можела директно или индиректно да биде предизвикана.

Интелектуална сопственост

Знаците, логоата и слоганите, содржините, цртежите кои се објавени и ги користи Анторис Платформата, интерфејсот (изгледот) и дизајнот на Платформата, изворниот код за софтверската апликација, АНТОРИС алгоритамот, како и базите на податоци кои произлегуваат од функционирањето на Платформата претставуваат интелектуална сопственост на АНТОРИС согласно Законот за авторското право и сродните права и Законот за индустриска сопственост.

Авторското право и сродните права, како и правата на индустриска сопственост уживаат кривична, граѓанска и прекршочна заштита.

Строго се забранува секој вид на неовластено преземање, користење, копирање, модификување, продажба, дистрибуирање или друга злоупотреба на интелектуалната сопственост на АНТОРИС. Во случај на било каков вид на злоупотреба АНТОРИС ќе биде овластен да ги преземе сите мерки и дејствија во согласност со законот.

Се забранува неовластено преземање, користење, копирање, модификување, продажба, дистрибуирање или злоупотреба на интелектуалната сопственост на трети лица или на Корисниците која е објавена на Анторис Платформата и/или е наведена во Анторис Профилите и огласите.

АНТОРИС нема да биде одговорен во случај на повреда на права на интелектуална сопственост на Корисниците или трети лица кои директно или индиректно настанале преку Користење на Анторис Платформата.

Веродостојност на податоците, несоодветна содржина и одговорност за штета

Внесувањето и користење на веродостојни и соодветни податоци при креирање и пополнување на Профилите, како и при составување и објавување на огласите, е должност и целосна одговорност на Корисниците.

Ги поттикнуваме нашите Корисници редовно да ги дополнуваат, менуваат односно соодветно да ги ажурираат своите податоци на Анторис Платформата.

АНТОРИС го задржува правото, по соодветна пријава, да блокира и отстрани односно избрише лажен кориснички Профил или Профил преку кој се врши злоупотреба, без претходна најава и образложение.

АНТОРИС го задржува правото, по соодветна пријава, да отстрани односно избрише објавен оглас на Корисникот со невистинита, несоодветна, неморална или навредлива содржина, без претходна најава и образложение.

Анторис Платформата односно АНТОРИС, не е одговорен за содржината, вистинитоста и точноста на податоците внесени во Профилите од страна на Корисниците или наведени во објавените огласи. Анторис Платформата односно АНТОРИС ќе биде изземен од одговорност за надомест на било каква материјална и/или нематеријална штета што би можела директно или индиректно да биде предизвикана поради употреба на неверодостојни податоци или злоупотреба на податоците и/или огласите од страна на Корисниците.

Промени, прифаќање на Правилата и условите, применливо право и судска надлежност
АНТОРИС го задржува правото на промена на овие Правила и услови за користење, како и отстранување (привремено или трајно), дополнување или модификување на услугите или било која содржина на Анторис Платформата без обврска за претходна најава. АНТОРИС го задржува правото, привремено или трајно, да го прекине функционирањето на Анторис Платформа, во било кое време и без претходна најава. АНТОРИС не е одговорен за евентуална штета која би можела да настане во овие случаи.

Со регистрација на Анторис Платформата, Вие изјавувате дека сте се запознале и во потполност сте ги разбрале и прифатиле овие Правила и услови за користење. Со користењето на содржините и услугите на Анторис Платформата се смета дека Корисниците во секој момент се запознаени со овие Правила и услови за користење и дека во целост ги разбираат и прифаќаат. Овие Правила и услови за користење како и сите нивни последователни измени и дополнувања се обврзувачки за сите Корисниците кои ја користат Анторис Платформата.

При промена на Правилата и условите за користење ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Повремено посетувајте ги Правилата и условите за користење за да бидете запознаени со евентуалните промени.

Доколку не се согласувате со овие Правилата и условите за користење и/или со Политиката за приватност, би Ве замолиле да не пристапувате и/или користите нашата Анторис Платформа.

За сите прашања помеѓу АНТОРИС и Корисниците покрај одредбите на овие Правила и услови за користење и Политиката за приватност се применуваат и позитивно правните прописи на Република Северна Македонија.

Во случај на потенцијални спорови помеѓу АНТОРИС и Корисниците, кои можат да произлезат од користењето на Анторис Платформата, а кои не е возможно да бидат решени спогодбено, месно надлежен ќе биде стварно надлежниот суд во Скопје.

Контакт: kontakt@antoris,mk
Приватна агенција за вработување Анторис – Скопје
ул. Мајка Тереза 44 1/1 спрат

Објавено на: 16.07.2019 година.