Анторис Радио

Како интегрален дел од магазинот Анторис, и воопшто, поголема Анторис платформата (агенција за вработување, web-магазин, радио…), точно на пладне денес (среда, 26-ти август) стартува Анторис радио. Станува збор за web-радио, максимално посветено на добрата музика од Македонија, регионот и светот, кое ќе го негува ретро звукот и квалитетната музика, воопшто.

Во првиот период, во 24-часовната програма, Анторис радио ќе емитува хитовска музика, кратки-форми како што е „Се случи на денешен ден…“, реклами и огласи за вработување, кои секојдневно можат да се најдат на порталот на Анторис, а кои во ова време-невреме, и тоа како ќе им бидат корисни на слушателите.

Наскоро, Анторис радио, Вашиот нов музички пријател, ќе биде достапен и преку апликациите на App Store и Google Play, за да биде што поблиску до слушателите.
И телефонот да звучи подобро!

Radio player link